Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 152.419 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Јупитеровата месечина Ија, сликана од леталото „Галилео“, 1999 г.
Јупитеровата месечина Ија, сликана од леталото „Галилео“, 1999 г.

Ија — внатрешната и третата најголемата од четирите Галилееви месечини на планетата Јупитер. Малку поголема од Месечината, Ија е четврта по големина месечина во Сончевиот Систем, има најголема густина од која било месечина и има најмала количина на вода (по атомски сооднос) од кој било познат астрономски објект во Сончевиот Систем. Ија била откриена во 1610 година од Галилео Галилеј и своето име ја добила по митолошкиот лик Ија, свештеничка на Хера која станала една од љубовниците на Зевс.

Со повеќе од 400 активни вулкани, Ија е геолошки најактивниот објект во Сончевиот Систем. Оваа екстремна геолошка активност е резултат на плимното загревање од триењето што се создава во внатрешноста на Ија додека се влече помеѓу Јупитер и другите галилееви месечини - Европа, Ганимед и Калиста. Неколку вулкани произведуваат облаци од сулфур и сулфур диоксид кои се искачуваат до 500 км над површината. Површината на Ија е исто така испреплетена со повеќе од 100 планини кои се подигнати со голема компресија во основата на силикатната кора на Ија. Некои од овие врвови се повисоки од Монт Еверест, највисоката точка на површината на Земјата. За разлика од повеќето месечини во надворешниот Сончев Систем, кои главно се состојат од воден мраз, Ија е првенствено составена од силикатни карпи кои опкружуваат стопено јадро од железо или железен сулфид. Поголемиот дел од површината на Ија е составен од обемни рамнини со ладен слој од сулфур и сулфур диоксид.

Вулканизмот на Ија е одговорен за многу од неговите уникатни одлики. Неговите вулкански облаци и лавински текови предизвикуваат големи површински промени и ја бојат површината во различни суптилни нијанси на жолта, црвена, бела, црна и зелена, најмногу поради алотропите и соединенијата на сулфур. Бројни обемни текови на лава, неколку повеќе од 500 километри во должина, ја означуваат површината. Материјалите произведени од овој вулканизам ја сочинуваат тенката, нерамна атмосфера на Ија и обемната магнетосфера на Јупитер. Вулканското исфрлање на Ија, исто така, произведува голем плазма тор околу Јупитер. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Опашка и нозе на американски крокодил (Crocodylus acutus).
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Книга напишана на белоруска арабица
Книга напишана на белоруска арабица
На денешен ден…

Денес е 13 мај 2025 г.

Настани:

1871  Во Италија е донесен закон со кој на Светата Столица ѝ се дозволува да има седиште во Ватикан.
1901  Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја основа првата македонска театарска група „Скрб и утеха“.
1961  Преку ТВ Белград е емитувана првата телевизиска емисија од Студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти.
1981  Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот.
1990  Крвава пресметка меѓу навивачите на загрепски Динамо и белградска Црвена Звезда на стадионот Максимир во Загреб.
2001  Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП со премиер Љубчо Георгиевски.

Родени:

1655  Инокентиј XIIIримски папа.
1792  Пиј IX — римски папа.
1795  Павел Јозеф Шафарик — словачки и чешки филолог и етнограф.
1840  Алфонс Доде — француски писател.
1842  Артур Саливен — британски композитор и диригент.
1851  Лаза Лазаревиќ — српски писател.
1862  Јанко Веселиновиќ — српски писател.
1881  Лима Барето — бразилски писател.
1882  Жорж Брак — француски сликар.
1883  Јоргос Папаниколау — грчки цитопатолог, творец на т.н. ПАП-тест.
1912  Гил Еванс — канадски џез-пијанист и аранжер.
1914  Џо Луис — американски боксер, светски првак во тешка категорија од 1939 до 1949 година.
1934  Алексо Лозановски — македонски поет и раскажувач.
1939  Харви Кајтел — американски глумец.
1941  Ричи Валенс — американски пејач.
1950  Стиви Вондер — американски музичар.
1954  Александар Трифуновиќ — српски и југословенски фудбалер.
1961  Денис Родман — американски кошаркар.
1965  Предраг Спасиќ — српски и југословенски фудбалер.
1973  Мери Николова — македонски поет.
1973  Гордана Вренцоска — македонски графички и моден дизајнер.
1981  Давид Лопес — шпански велосипедист.
1982  Огучи Ониеву — американски фудбалер.
1983  Јаја Туре — фудбалер од Брегот на слоновата коска.
1983  Џони Хогерланд — холандски велосипедист.
1986  Александар Рибак — норвешки пејач.
1986  Зимон Гешке — германски велосипедист.
1991  Франсис Коклан — француски фудбалер.
1993  Ромелу Лукаку — белгиски фудбалер.
1993  Штефан Крафт — австриски скокач со скии. Евгенија Образцоваруска балерина.
1999  Оскар Мингуеза — шпански фудбалер.

Починале:

1878  Џозеф Хенри — американски физичар.
1956  Александар Фадеев — руски и советски писател.
1988  Чет Бејкер — американски џез-трубач.
1961  Гари Купер — американски глумец.
2004  Паскал Паскалевски — македонски поет и драмски писател.
2009  Рафаел Ескалона — колумбиски композитор.
2011  Тихомир Јовановски — македонски економист и универзитетски професор.
2013  Иво Лауренчиќ — македонски маркетиншки експерт и стопанственик.
2019  Дорис Деј — американска глумица и пејачка.
2024  Алис Манро — канадска писателка, добитничка на Нобеловата награда.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич