The Wayback Machine - https://web.archive.org/web/20111230213452/http://www.zooskopje.com.mk:80/zanas.asp
 
Пуштање во употреба на ново жи ... 9/13/2011

На 16.09.2011 година во 10 ч ќе се одржи чинот на пуштање во употреба на но ...
Нови животни во Зоолошка град ... 6/9/2011

Во Зоолошка градина Скопје пристигнаа 3 нови вида на мајмуни од Зоолошката ...
 
ЛИЧНА КАРТА НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА СКОПЈЕ
 
Во текот на своето постоење Градината игра значајна улога во едукативно-воспитниот, културниот и рекреативниот живот не само на Градот туку и пошироко, и е една од најпосетените институции во Градот и пошироко во Републиката.

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година од страна на тричлена комисија со која раководел доктор Станко Караман, тогаш е предложена и денешната локација која зафаќала 4 хектари површина до крајот на 1965 година. Во тоа време Градината располагала со скромен број животни. Со текот на годините Градината се проширувала и се зголемувала колекцијата на животни.

Денес Градината е лоцирана на површина од 12 хектари, и располага со колекција од 300 животни од 56 видови (цицачи, птици, влекачи). Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца.

Во Градината има 35 вработени. Од 1926 до 1991 година Зоолошката е под надлежност на Градот Скопје. Од 1991 до 2005 преминува под надлежност на министерство за култура на Р.М, а со децентрализацијата од 01.09.2005 е под Град Скопје.

Има воспоставено соработка со други зоолошки градини како: Битола, Загреб, Белград, Нирнберг, Палиќ, Љубљана, Келн, Москва, Виена. Од 2006 година Зоолошката започна соработка со ЕАЗА (Европска Асоцијација за Зоолошки и Акварии), а од Mај 2009 година Градината се здоби со статус Кандидат за член на ЕАЗА.

Во Зоолошката градина се одржуваат практични настави на ученици од средните и основните училишта како и научни истражувања.

Зоолошката е отворена за посетители 365 дена во годината.

Моментално Градината е во фаза на реконструкција.
 
 
 
 


Зоолошка Градина:
Од 09:00 до 16:00 часот

Благајна:
Од 9:00 до 16:00 часот


 


Внесете ја Вашата E-mail адреса во полето прикажано подолу.
 
Зоолошка градина на град Скопје. Изработка 2009. Изработка UnetInteractive