12 ноември
Изглед
Предлошка:Ноември 2025 12 ноември — 316-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (317-и во престапна година). Остануваат 49 денови до крајот на годината.
Настани:
1933 | Хитлеровата Националсоцијалистичка германска работничка партија доаѓа на власт во Германија со мнозинска победа во собранието. |
1941 | Советските вооружени сили го запреа надоаѓањето на нацистичките сили кон Москва. |
1992 | Во Берлин започна судењето на поранешниот претседател на Источна Германија, Ерих Хонекер. На најспектакуларниот судски процес во Германија, Хонекер одговараше за убиство на 12 бегалци. На клупата на обвинетите се најдоа и шест поранешни членови на Министерството за национална одбрана. |
2001 | Тројца припадници на специјалната единица на македонската полиција „Лавови" загинаа, а повеќе се ранети во близина на тетовското село Требош. |
Родени:
Починале:
607 | Бонифациј III — римски папа. |
1035 | Кнут Велики — дански крал. |
1252 | Бланка Кастиљска — кралица на Франција. |
1693 | Марија ван Остервејк — холандска барокна сликарка. |
1903 | Камиј Писаро — француски сликар. |
1916 | Персивал Лоуел — американски астроном. |
1936 | Стефан Грабињски — полски писател. |
1951 | Константин Библ — чешки поет. |
1955 | Тин Уевиќ — хрватски поет. |
1973 | Иван Точко — македонски писател и новинар. |
1981 | Херман Пилник — аргентински шахист. |
1981 | Вилијам Холден — американски глумец. |
1989 | Божидар Јакац — словенечки сликар. |
1989 | Долорес Ибарури - Ла Пасионарија — шпанска револуционерка. |
1988 | Јаника Балаж — југословенски музичар. |
1994 | Вилма Рудолф — американска атлетичарка. |
2003 | Тони Томпсон — американски поп-музичар. |
2008 | Мич Мичел — англиски тапанар, член на групата „Џими Хенрикс експириенс“ (The Jimmi Hendrix Experience). |
2018 | Стен Ли — американски автор на стрипови. |