На почетокот, Овен бил фабрикант, а врз основа на тоа искуство го изградил своето социјалистичко учење поради што бил напаѓан од останатите индустријалци. Поради тоа, заминал во САД, каде се обидел да основа комунистички колонии, но неговите обиди пропаднале. Тогаш, тој се свртел кон работничката класа и во следните 30 години се борел за подобрување на нејзината положба. За тие напори бил пофален од Фридрих Енгелс, кој пишува дека „сите општетсвени движења, секој вистински напредок кој е направен во Англија во корист на работникот се врзуваат со Овеновото име.“[1]