Прејди на содржината

Херби Хенкок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Херби Хенкок
Херби Хенкок, амерички џез пијаниста и композитор
Животописни податоци
Родено имеХерберт Џефри Хенкок
Роден(а)април 12, 1940(1940-04-12)
Чикаго
Жанровиџез, фанк, Ритам и блуз
Инструментиклавир, синтесајзер, оргули
Период на активност1961–денес

Херберт Џефри „Херби“ Хенкок англиски: Herbert Jeffrey „Herbie“ Hancock; роден 12 април 1940 година, Чикаго, САД) е американски џез пијанист и композитор.

На седумгодишна возраст започнал со класично музичко образование, а на 11 години, како млад талент, свирел во Чикашката филхармонија.[1] Почнал да учи техника, но набрзо станал професионален музичар и на 22-годишна возраст го снимил својот прв албум со свои композиции.

Кон средината на 1960-ти години, тој свирел во една од најважните џез групи на сите времиња - квинтет на трубачот Мајлс Дејвис, со саксофонистот Вејн Шортер, басистот Рон Картер и тапанарот Тони Вилијамс.

Кон крајот на 1960-ти години, тој почнал да експериментира со електрично пијано и се вклучил во движењето џез фузија. Тој основал свои групи со кои изведувал џез фузија, и покомерцијални форми на фанк џез. Овој пресврт не бил добро прифатен од критичарите, но Хенкок во исто време свирел сериозен џез, на пример во групата В. С. О. П. во која биле вклучени сите членови на гореспоменатиот квинтет Мајлс Дејвис, освен самиот Дејвис, кој бил заменет од Фреди Хабард.

Подоцна, Хенкок барал рамнотежа помеѓу електричното и акустичното пијано и помеѓу џезот и комерцијалните форми на фанк, поп и слично. Свирел во различни состави и има издадено голем број албуми и ЦД-а.

Тој се смета за еден од најголемите џез пијанисти во последните децении. Иако бил склон кон експериментирање, тој успеал да ја задржи мелодичноста на своите композиции. Добил десет Греми награди, како и Оскар за неговата музика во џез филмот Околу полноќ од 1986 година.

  1. „Obama to speak Friday at Hyde Park high school“. Chicago Tribune (англиски). Посетено на March 4, 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]